Пристигна и англиската верзија на огромниот диско хит „Ai Se Eu Te Pego“ на бразилскиот пејач Мајкл Тело. Тој решил својата песна да ја преработи и на англиски и ја нарекол „If I Catch You“.
Сепак, да бидеме искрени оваа песна е далеку полоша од оригиналот, а и акцентот на пејачот е катастрофален. За текстот да не зборуваме, има премногу сексуална конотација, ама барем дечкото се обидел и понатаму да остане на топ листите.
Мајкл е веќе интернационална ѕвезда и подобро да не експериментира како овој пат. Португалската верзија е дефинитивно доволна! Видеото за англиската песна е снимено во Бразил и тука може ексклузивно да го погледнете:
