Верувам дека нема да се изненадите кога ќе чуете дека вашата омилена песна ѝ е омилена и на романската пејачка Ина. Се работи за португалската песна „Ai Se Eu Te Pego“, која во изминатиов период стана вистински хит по сите кафулиња и дискотеки.
Поради тоа, Ина се одлучила да направи преработка на хитот на Мајкл Тело, и истата ја објавила на својата Фејсбук страна. Текстот на песната е задржан, односно и таа пее на португалски. Сменет е само ритамот, кон кој Ина додала електро детаљи.
Иако е далеку од магијата на оригиналот, сепак да ѝ се заблагодариме на Ина што се потрудила да направи нешто за своите фанови и да го објави бесплатно.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=EDZavKUeQRQ