Celebrity

„Близнаците“ повторно во акција?!

Филмот за легендарните близнаци со Danny De Vito и Arnold Schwarzenegger во главните улоги, најверојатно ќе добие продолжение…

Едниот од нив е мал, дебел лажго, а другиот „Интелигентна копија на Аполон“. Тие знаеја како добро да не насмеат во комедијата која ја гледавме во далечната 1988 година. Сега, доколку се прашува Danny De Vito, слободно би можело да се сними продолжение на овој филм.

–          Од секогаш мислев дека таа приказна заслужува и втор дел. Ќе поразговарам со Arnold за тоа, но најважно е приказната да биде добра. Би се радувал на евентуалната соработка, – изјавил актерот.

Напиши коментар