← НАЗАД НА БОЗА

„Единаесетмината на Оушн“ е најдобар римејк!

„Единаесетмината на Оушн“ е најдобар римејк!
1811 Читања

Филмскиот хит „11-мината на Оушн“ кој се прикажуваше во кината во 2001 година и заработи повеќе од 450 милиони американски долари, во Британија е прогласен за најдобар римејк на сите времиња. Актерската постава предводена од Џорџ Клуни, Мет Дејмон, Бред Пит и Џулија Робертс се покажа како добитна комбинација.

Сепак, познатите фаци не се секогаш мерило за успешноста на филмот. На пример, филмот од 2011 година со наслов „Артур“ е прогласен за најлош римејк на сите времиња, а во него глумат Расел Бренд, Хелен Мирен и Џенифер Гарнер.

Други успешни римејкови се „Мумија„ од 1999 година, „Кинг Конг“ на Питер Џексон од 2005 година, „’Рт на стравот“ на Мартин Скорсезе од 1991, „Замка за родителите“ од 1998 и „Зора на живи мртовци“ од 2004 година.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk