Celebrity

„Gnomeo and Juliet“ како детективи!

Цртаниот филм ќе добие продолжение, потврдиле сценаристите Andy Riley и Kevin Cecil.

„Gnomeo and Juliet“ е приказна за заљубени џуџиња кои живеат во една градина, а во новата авантура тие ќе се „претворат“ во детективи, изјавиле сценаристите.

Гномео, Јулија и екипата од целата градина ќе ја разрешаваат мистеријата околу низа исчезнувања на градинарските џуџиња.

–          На секоја добра детективска приказна во стилот на Arthur Conan Doyle  и требаат неколку цртани џуџиња за да ја направат повесела, – биле зборовите на Riley.

Гласовите повторно ќе ги позајмат James McAvoy и Emily Blunt, а за музиката во цртанот ќе биде задолжен Elton John.

Напиши коментар