After Midnight

„Грижа на совест“ – оружје или изговор???

Користењето на љубовната „фора“ … „грижа на совест“ против партнерот ја уништува интимноста, во исто време правејќи ја љубовта измачување.

Ако манипулирате со партнерот со помош на „грижа на совест“, говорејќи му дека доколку работите не се одвиваат според Ваш план, ставајќи се себеси на позиција на моќ нема да Ви помогне во ниеден случај. Таа љубовна „финта“ ќе Ви „пали“ кратко време, а на крајот најверојатно Вие ќе бидете оние кои ќе го јадат подебелиот стап.

„Грижата на совест“ често се користи кога се чувствуваме повредени, несакани или навредени. Понекогаш врската може да боли, и тогаш почнуваме да ја користиме “грижата на совест“ како излез од целата ситуација која не повредува. За жал таа тактика никогаш нема да ги даде саканите резултати,  наместо да изградиме интимност, личноста која сакаме да биде жртва на нашата „игра“ постепено се „лади“ од нас.

Во здравите врски, не постои позиција на моќ. Двата партнери се заинтересирани за добробитот на другиот и не постои една страна која се чувствува загрозено и уплашено. Отвореноста и искреноста се основите двигатели на квалитетна и здрава врска.

Доколку некому му наметнувате „грижа на совест“ поради неговите постапки значи дека нешто не функционира во Вашата врска. Доколку партнерот е навистина заинтересиран за Вашата добробит, тогаш само предупредувањето ќе има учинок, т.е. нема потреба за наметнување вина. Кога веќе ја користите „ грижата на совест “ против партнерот, треба да се запрашате, поради што го правите тоа. Прашајте се од што се плашите ? Постои ли нешто од минатото што не можете да го простите? Имате ли проблем со довербата? Мислите ли дека односот меѓу Вас и Вашиот партнер пребргу се развива ?

За овие прашања одвојте доволно време и влезете во корените на Вашиот страв.

Искрено одговорете ги следниве прашања:

– Дали оваа врска вреди ?

– Дали навистина го/ ја сакам ?

– Сакам ли да бидам во ваква врска ?

– Што ми ја попречува врската ?

Врска во која вреди да се биде е само онаа во која двајцата партнери можат да бидат она што сакаат. Ако Вашиот партнер се промени во некои работи, тоа треба да го направи поради себе, поради промената на ставот, не поради „ грижата на совест “.  Имајте искрен однос полн со љубов и сакајте го партнерот таков каков што е, а резултатите ќе дојдат сами по себе…

Напиши коментар