Celebrity

„Ice Age“ со пародија за „Уметникот“ :)

Древната верверичка Скрат од познатиот анимиран филм „Ice Age“ прави пародија на прочуената и неколку пати наградуваната драма „Уметникот“.

Во сцената, која е исто така црно-бела, како ште е всушност и целиот нем филм „Уметникот“, Скрат си наоѓа женка која станува негов ривал во бркањето на фамозниот желад.

Во најновото продолжение на цртанот, Скрат ќе отиде во далечни праисториски времиња, каде никогаш не стапнала нога на верверичка. Мани, Диего и Сид тргнуваат на нивната најголема авантура доттогаш откако катаклизмата одделува еден цел континент од Земјата.

Филмот „Ледено доба 4“ треба да стигне во светските кина на 13-ти Јули, а гласовите за главните ликови ги позајмуваат: Квин Латифа, Денис Лери, Реј Романо, Џон Лекуизамо, Ники Минаж, Дрејк, Џенифер Лопез и неколку други.

Еве ја пародијата:

http://www.youtube.com/watch?v=p6rz5lZeAzE

Напиши коментар