Celebrity

„Меланхолија“ е најдобар филм во 2011 година

На годинешното собрание кое се одржа во саботата, американското здружение на филмски критичари го избрало филмот „Меланхолија“ на данскиот режисер Ларс вон Триер за најдобар филм во 2011 година.

Здружението за најдобра актерка ја прогласило Кирстен Данст која глуми во гореспоменатиот филм, а за најдобар актер е прогласен Бред Пит за улогите во филмовите „Moneyball“ и „Tree of Life“.

Признанија за споредни улоги добиле Алберт Брукс за улогата во филмот „Drive“ и Џесика Честејн за во филмот „Tree of Life“.

Во здружението има 50 филмски критичари, а манифестацијата се одржува секоја година.

Напиши коментар