Celebrity

„No Doubt“ повторно во студио!

По цели 11 години дискографска пауза, пејачката Гвен Стефани решила да ја собере старата екипа во студио и да ги израдува своите фанови со неколку слики на Твитер.

Бендот за последен пат бил заедно во 2009 година, но ништо од најавуваното враќање на музичката сцена. Од 2004 година немаат настапено заедно.

Но, сега тврдат дека сериозно се фатиле за работа и дека наследникот на албумот „Rock Seady“ од 2001 година е скоро готов.

На Твитер се објавени и насловите на неколку завршени песни. „Undone“ е една од песните за која се претпоставува дека ќе биде најавен сингл. Сепак, засега не се знае кога точно ќе биде објавен ни првиот сингл ниту албумот.

–          Денес се собравме по повод новиот албум, имаме доста работа околу тоа, – напишала Гвен на Твитер.

Напиши коментар