Celebrity

„Уметникот“ со триумф на Оскарите!

Рано утрово, во Кодак театарот во Лос Анџелес, Калифорнија се одржа 84-тото по ред доделување на престижните филмски статуетки, Оскарите.

Ноќ на гламур, убавина и успех. Среќни и прекрасни лица кои со сиот свој сјај заблескаа на црвениот тепих и малку подоцна на сцената на Кодак театарот. Водителот Били Кристал со својот шарм само придонесе за автентичноста на целата церемонија и одлично си ја заврши работата.

Како презентери на Оскарите се појавија голем број на ѕвезди од калибарот на Анџелина Џоли, Натали Портман, Пенелопе Круз, Том Хенкс, Мила Јовович, Мерил Стрип, Том Круз, Џенифер Лопез, Камерон Дијаз, Сандра Булок, Хали Бери, Мајкл Даглас и многу други.

Дефинитивен победник на вечерта беше филмот „Уметникот“ со вкупно 5 награди од 10 номинации. Меѓу признанијата се и престижните: Најдобар филм, Најдобра режија, Најдобар актер и Најдобра костимографија.

Втор на листата е филмот „Хуго“ кој исто така заработи 5 статуетки, од вкупно 11 номинации и тоа во категориите: Најдобар звук, Најдобра Кинематографија и Најдобри визуелни ефекти.

Наградата за најдобра женска улога ја доби Мерил Стрип за улогата во филмот за Маргарет Тачер „Железната дама“, а најдобар во машка категорија беше Жан Дежарден за остварувањето во немиот црно-бел филм „Уметникот“.

Опра Винфри ја имаше честа да добие Оскар за хуманитарна работа, а почесен Оскар добија и Џејмс Ерл Џонс и Дик Смит.

 

Напиши коментар