Celebrity

„Green Day“ со три албуми одеднаш!

Дечките од рок групата „Green Day“ планираат да издадат дури три албуми во периодот помеѓу 25-ти Мај и 15-ти Јануари, следната година. Триологијата ќе се вика „!Uno!, !Dos!, !Tre!“, а сите албуми ќе се снимаат во Окланд, родниот град на членовите од бендот.

Пејачот Joe Armstrong ги потврдил овие вести на својот Твитер:

–          Во ред. И официјално работиме на триологијата. Не еден, не два, туку три албуми одеднаш. Ќе излезат во мај, ноември и јануари.

До вчера оваа вест не била официјално потврдена, и сега кај нивните обожаватели се кренала цела лавина коментари и воодушевување. Последниот албум на групата беше објавен пред три години и постигна голем успех.

Write A Comment