Пејачката, модна икона и дизајнерка Gwen Stefani го најави новиот албум на својот бенд „No Doubt“.
Засега неименуваниот албум на полиците на музичките продавници ќе се најде на 25-ти Септември.
– Многу сме возбудени што ве информираме дека нашиот албум излегува и ќе може да се купи на 25-ти Септември, оваа есен. Едвај чекаме да ја споделиме новата музика со нашите фанови. Тоа ќе биде вистински рај за уши, – стои во официјалното соопштение на бендот.
Новиот албум ќе означи и 25 години работа и постоење на овој поп-рок бенд.
