Celebrity

„Семоќниот“ Џим Кери се враќа!

Филмското студио „Universal Pictures“ планира да направи продолжение на огромниот филмски хит од 2003 година, па моментално се во преговори со Џарад Пол и Ендру Могел кои треба да го напишат сценариото.

Голема е веројатноста Џим Кери да се врати во улогата на обичен човек со божји моќи во продолжението на филмот „Брус семоќниот“, каде Џим станува семоќен на една недела, откако ќе му се пожали на Господ дека неговиот најголем соперник го унапредиле наместо него.

Тогаш филмот заработил 500 милиони долари ширум светот.

Освен втор дел на овој филм, се планира продолжение и на филмот „Глуп и поглуп“ од 1994 година, каде Џим Кери и Џеф Даниелс треба да ги репризираат главните улоги.

Write A Comment