James Cameron е дефинитивно крал на филмовите кога станува збор за профитот од прикажувањето на неговите филмови. Филмот „Титаник“ од 1997 година, по изданието на новиот „3D Титаник“, ја премина границата од 2 милијарди долари профит од влезниците во кино салите ширум светот. Тоа се случи точно на 100-годишнината од потувањето на фамозниот брод.
Досега само еден филм ја има преминато границата од 2 милијарди долари заработка, а тоа е филмот „Аватар“, исто така во режија на Cameron. Тој заработи 2,8 милијарди долари.
Филмот „Титаник“ во 3D верзија изминатава недела заработил околу 190 милиони долари во кината во Америка и низ светот. Кога таа сума ќе се додаде на 1,86 милијарди долари заработени со првото издание, вкупниот профит се искачува на над 2 милијарди.
http://www.youtube.com/watch?v=Jkjrh4EWW4E&feature=fvst
