After Midnight

10 Начини како да го преболите бившиот

Следете ги следниве 10 начини, и сигурно ќе се препородите…Прво советуваме венаш да престанете со прогонувањето на вашиот бивши на Фејсбук, а потоа следете ги овие ефикасни начини да го преболите скотот кој ве оставил:

БИДЕТЕ ТАЖНИ , НО САМО НЕКОЕ ВРЕМЕ

Да се има “ емоционална болка’ значи да се исфрли се од себе, вели Сандра Ен Милер, автор на книгата” Како да го преболите со стил

ПОДЕСЕТЕ ЈА ДРУШТВЕНАТА МРЕЖА

Последно што ви е потребно е да го гледате невиот статус, затоа, исфрлете го од пријатели.

СЛОБОДНО ОГОВАРАЈТЕ ГО

Со своите пријателки говорете за се кое ви пречело.Се смета дека  болката која ја претвараме во зборови го намалува својот интензитет.

ПРАВЕТЕ СЕ ШТО ТОЈ МРАЗЕЛ

Јадете храна која тој не ја поднесувал а вие сте ја сакале, или правете било што друго во контекст на несогласувањата.

ПРЕУРЕДЕТЕ ГО ПРОСТОРОТ

Звучи како клише, но делува. Дава нова перспектива на гледање и будење на нови интереси.

МАЛКУ ПРОМЕНЕТЕ ГО СВОЈОТ ИЗГЛЕД

Ова не значи да се претворите во друга жена, мали интервенции, ќе ви го освежат изгледот.

ДОБРО ИСПОТЕТЕ СЕ

Физичкјата активност, го намалува стресот и го заморува телото, така што полесно ќе се наспиете  и ќе завземете подобар агол на гледање на иднината.

РАЗГАЛЕТЕ СЕ СЕБЕ СИ

Треба да направите нешто добро за себе. Мозокот не разбира разлика, помеѓу емоционална и физичка болка. Одете во спа-центар, ќе се чувствувате препородено.

ПРЕДИЗВИЦИ

Отсекогаш сте сакале, на.пр да возите ролерки, усовршете некој нов јазик, само мислите да ви се оттргнат од него, првземете нова активност или хоби.

СТАНЕТЕ НЕМИРНИ

Можеби не ви е до секс, но не треба ни да си го заробувате либидото. Некој секси филм или благ флерт не ќе е на одмет. Излезете со некое згодно момче, тоа ќе ви помогне да не го снижите своето ниво на сексуална енергија.

 

 

 

 

Напиши коментар