After Midnight

10 важни особини кои ги бараме кај партнерот…

Колку и да се различни, толку се сите луѓе и слични. Така, секој човек има потреба да сака и да биде сакан. Исто така сите имаме исти сфаќања во поглед на квалитетите што ги бараме кај партнерот, без разлика дали сме женско, машко, хомо, хетеро, стари или млади…

1. Самодоверба– Не постои магична формула за стекнување, но и стекнувањето на нови вештини не би било на штета. Тоа би било начин да станете се подобри во она што го сакате и да ја исполните целта.

2.Смисла за хумор– При одредување на карактеристиките секој ќе Ви каже дека бара: „ личност која ќе знае да го насмее“ или обратно. Доколку мајката природа не ви дала таков талент, има надеж. Почнете преку донесувањето одлуки, повеќе да го цените смеењето во Вашиот живот.

3.Изглед – Секако дека е важен изгледот но повеќ07ето луѓе не бараат совршенство и што е најважно, секого не го привлекува истиот изглед. Секој не реагира на ист начин на тоа како другата личност се претсавува. Сепак би било најдобро да го облекувате и практикувате она што најубаво Ви прилега.

4.Добар секс– Вообичаено е да бидете несигурни по прашањето- секс. Да се биде добар во кревет, води до поголемо уживање. Забавувајте се, бидете креативни, препуштете се…

5.Прифаќање– Чувството дека некој не прифаќа такви какви што сме е можеби и клучната причина за врска. Трикот е во тоа дека, треба доволно да се даде, за да може да се прими.

6.Комуникација– Кога луѓето ќе кажат дека не сакаат драма во животот, тука мислат на некој кој има поедноставни комуникациски вештини. Некој кој не сака да прави проблеми таму каде што ги нема, ќе ги направи бидејќи не знае поедноставен начин да ги изјасни своите чувства. Секој сака некој кој ќе знае да го ислуша и јасно да се изјасни кога тоа е потребно.

7.Предизвик– Повеќето луѓе бараат удобност, но никој не сака да му биде здодевно. Многу глумат и недостижност, меѓутоа тоа би било интересно само кратко време и ќе стане здодевно. Подобро ќе постигнете ако извлечете отвореност и активност кај партнерот.

8.Финансиска стабилност– Можеби не е најважна на свет но плусот на Вашата сметка и полниот паричник ќе Ве направи многу поатрактивни. Едноставно, со тоа ќе бидете посигурни во себе а тоа ќе го препознаат другите.

9.Вкус– Вкусот е индикатор за квалитетот на живот кој ќе го имате со другата личност. Некои имаат подобар вкус од други, но ако внимавате на тоа: што јадете, каква музика слушате, што гледате на телевизија?, што читате ?…Вашиот вкус ќе се развие природно !

10.Хемија– Ништо на овој „список“ не е поважно од хемијата. Не е можно прецизно да се дефинира, сепак се што можете да направите е да почекате да ја почувствувате и веќе кога ќе ја знаете личноста, да се ориентирате според останатите 9 „совети“ од овој список.

Напиши коментар