Иако е тешко да се разбере што ги тера познатите да ги откриваат тајните од својот приватен, сексуален живот – додека истовремено се жалат на инвазија во истиот… сепак дојдовме до листата на машки ѕвезди кои имаат признаено дека собираат жени, како трофеи…
Листата е фасцинантна !!!
1. Фидел Кастро – 35.000
Кубанскиот револуционер и политичар, како што тврдат одредени извори, има спиено со најмалку две жени дневно, за време од четири децении.
2. Вилт Чемберлен – 20.000
„ Целта на истакнувањето на овие цифри е да покажам дека сексот е огромен дел од мојот живот, исто како и кошарката. Токму таа е причината поради која отсекогаш сум сингл “, рекол познатиот кошаркар.
3. Ворен Бити – 12.775
Судејќи според неговата биографија, Ворен има спиено со ни помалку, ни повеќе, туку 12.775 жени, меѓу кои Џоан Колинс и Мадона. Иако лично ги нема потврдено овие информации, сепак ги нема ни демантирано. Мистификацијата е половина заведување?
4. Чарли Шин – 5.000
„ Лошото “ момче на Холивуд никогаш ја нема кажано вистинската бројка, но сепак на неговата поранешна сопруга и има признаено дека е една од 1.000 негови најубави љубовници.
5. Џин Симонс – 4.800
Фронтменот на групата Kiss, на прашањето дали навистина спиел со 4.600 жени, одговорил: „ Не !!! Имам спиено со 4.800.“
6. Хју Хефнер – 2.000 – 5.000
Не е изненадување што основачот на Playboy империјата, има спиено со толку жени, а и никогаш не може да биде сигурен за нивната точна бројка.
„ Веќе одамна престанав да бројам. Никогаш не сум размислувал за квантитетот, туку за квалитетот “, вели Хефнер.
7. Хулио Иглезијас – 3.000
Често се тврди дека латино заводникот имал 3.000 жени, но еднас се нашалил: „ Тоа сигурно е бројката до 1976 година. Останатите ги немам пребројано “, вели таткото на осум деца.
8. Џек Николсон – 2.000
Ја нема потврдено точната цифра, но признава дека Вијара има користено само кога бил со повеќе жени… одеднаш !!!
9. Џакомо Казанова – 200
Авантуристот и заводник од Венеција, стана познат по автобиографијата „ Приказна за мојот живот “ во која детално ги опишува неговите заведувања кои покрај другото, се сметаат за најпрецизен опис на социјалната структура на Италија во 18 век.
10. Тајгер Вудс – 120
„ Богот на голфот “ дури бил принуден да оди на лечење за зависност од секс. Тогаш, што требало да направи Фидел Кастро ???