Најновиот филм за тајниот агент 007 пристигнува во светските кина на 26-ти Октомври, оваа година и носи наслов „Skyfall“. Но, продуцентите на серијалот не застануваат тука, туку веќе планираат 24-то продолжение на авантурите на James Bond.
Според американските медиуми, оваа недела е потврдено дека повторно ќе се снима филм за Bond, а тоа продолжение ќе може да се погледне дури во 2014 година.
За самиот филм сеуште не се знаат никакви детаљи, а продуцентите најавуваат дека првиот трејлер за овогодинешниот филм ќе може да се види за од прилика околу месец дена.
