After Midnight

Прекин на врската без солзи

Сите од нас го имале тоа „лошо“ чувство на прекинување на љубовна врска. Плачењето во комбинација со слушањето романтични песни само ја зголемува болката. Наместо ронење солзи и полно марамче мрсули,  одберете неколку од предложените начини како побргу да го преболите бившиот без солзи и за кратко време ќе бидете како „нови“.

Ослободете се од работите на бившиот партнер/ка

Спакувајте се…мечиња, цд-а, слики, секакви дрангулии кои некогаш ви ги подарил. Доколку го направите тоа нема да има материјални спомени а Вие полесно ќе го/ја заборавите.

Заборавате на неговите повици

Игнорирајте го секој повик на бившиот партнер/ка… и уште подобро наместо неговото име нека стои „Идиот/ка“.

Активност

Негативната енергија која ја чувствувате можете да ја издувате во некој фитнес клуб или теретана.

Наздравете за слободата

Организирајте дружење, викнете ги пријателите. Разговорите, алкохолот(не претерувајте) туѓите животи и нивните приказни ќе ве ослободат од притисокот од минатото.

Флертувајте

Наполнете се со самодоверба. Неколку флертувања и бившиот партнер ќе биде само минато од кое сте научиле повеќе од што сте очекувале.

Доколку тој/таа мисли дека не сте она што му е потребно во животот, не очајувајте – изгубил тој/таа, Вие сигурно сте во добитна комбинација.

Напиши коментар