Во кината ширум светот веќе да се прикажува хит комедијата „Wanderlust“ со Џенифер Анистон и Пол Рад во главните улоги. Премиерата беше на 16-ти Февруари во САД.
Сепак, во последен момент, пред филмот да излезе во јавност, Анистон побарала да биде отстранета сцената на која ѝ се гледаат градите, и истата сцена да се замени со малку поблага верзија.
Според Анистон, причината за отстранувањето на сцената е романсата која буквално цвета меѓу неа и Џастин Терокс, а двајцата се запознале за време на снимањето на комедијата.
Во филмот, Линда и Џорџ се двојка како и секоја останата во Менхетен, под стрес и пренатрупани со работа. Кога Џорџ ќе ја изгуби работата, решаваат да се преселат кај неговиот брат во Атланта. Токму тогаш настанува пресврт во нивните животи.
Еве го и трејлеот од филмот: