Здраво тело

5 лесни чекори за да изгубите 5кг во рамките на 10 дена

Ве очекува важен состанок  каде треба да се покажете во најдобро светло? Можеби свадба? Или можеби заеднички одмор со саканата личност па сакате да го импресионирате со атрактивниот изглед? Како и да е, статијава мора да ја прочитате и да откриете како најлесно ќе ги елиминирате вишокот килограми!

Прочистете го дебелото црево

Веројатно имате ½ кг или повеќе отпадни продукти во внатрешноста на дебелото црево. За да го прочистите јадете намирници кои содржат растителни влакна. Пијте најмалку 6-8 чаши вода секојдневно, земете таблети активен јаглен и пијте по една секој ден пред легнување. Со овој чекор губите 2 кг. Одиме понатаму.

Секојдневна физичка активност

Правилото овде е 30 минути физичка активност секој ден без исклучок во рамките на овие 10 дена. Искористете ја свежината на вечерните часови кога ќе разлади и одете на проштка. Можете да возите велосипед, ролери, брзо одење, трчање и пешачење во комбинација – било што но бидете редовни и упорни. Еве ги ползите од овој чекор – не само што ќе потрошите калории, вашето тело ќе зајакне и ќе добие тонус, метаболизмот ќе се активира и ќе го улесни процесот на топење на мастите. Телото ќе согорува маснотии дури и додека спиете.

Ослободете се од излишните течности

За оваа цел конзумирајте минимум сол на ден не повеќе од 1,4 гр. Големата концентрација на сол го успорува метаболизмот и предизвикува задршка на вода во телото. Најдобро би било ако сосема ја елиминирате солта од вашата исхрана во рамките на овие десетина дена.

Како да намалите 5 кг за само 10 дена?

Ако сакате да ја постигнете оваа цел треба да конзумирате само сурова храна, без термичка обработка, односно свеж зеленчук и овошје(без банани, грозје). Освен тоа исклучете ги сосема производите од бело брашно и слатките искушенија. Сабајле почнете го денот со житарици и јогурт. Ручекот треба да се состои од парче пилешко варено или на скара или пак посна риба. На ова додадете голема порција свежа сезонска салата со малку маслиново масло и соја сос. Навечер конзумирајте само кисело млеко или пак направете овошен јогурт од свежо овошје. Свежите салати можете да ги конзумирате во неограничени количини(краставици, домати, моркови, цвекло, зелка и др)

Група на критична храна:

Се што е наведено во списокот категорично е забрането!

Пржена храна

Слатки, торти, сладолед и сл.

Алкохол

Бел леб

Бел шеќер

Грицки

Млечни производи со исклучок на јогурт и кисело млеко

Пециво

Паста

Верувајте дека овие чекори навистина се ефикасни бидејќи како што забележавте станува збор за еден здрав реѓим на исхрана.

Write A Comment