After Midnight

5 најлоши изговори кои го уништуваат сексот

Иако по списанијата , секојдневно  можеме да пронајдеме, многу совети за подобрување на сексуалниот однос со партнерот, статистиката покажа дека се повеќе парови имаат проблеми токму по ова прашање. За да им помогнеме на оние кои спаѓаат во оваа групација, ги наведуваме најпрво причинителите кои лежат токму во најчестите и најдеструктивни изговори кои го уништуваат либидото…

1. Еден од партнерите или двајцата се постојано уморни

Ова е најчест изговор , што можат да го потврдат многу парови. Причината за тоа е што сексот се наоѓа многу ниско на листата на приоритети. Не го оставајте сексот за на крајот од денот, кога сте веќе исцрпени и кога сте подготвени за спиење. Кога ќе дојдете дома, готвите, перете садови и перете алишта, а не ви останува навистина време за да имате ниту еннергија за овој најважен сегмент. Активирајте се веднаш после доаѓањео од работа, или по вечерата, сексот нека ви биде начин на опуштање.

 

2. Не сте се издепилирале и не сте подготвиле свеќи, шампањ и јагоди.

Кога со некого ја делите постелата и соживотот, нормално е дека нема секоагаш да изгледате безпрекорно, средени. Подобро во таков случај, да избегнувате да павите драма, бидејки партнерот ве сака и со влакненца и без нив. Убаво е од време на време, да организирате роматична вечер со водење на љубов, но сепак спонтаниот секс, е многу подобар и по страствен од големите планови.

 

3. Вие сте утрински, а тој вечерен тип

 Доколку сакате да бидете во врска, морате да бидете подготвени на компромис. Истото важи и за сексот. Немојте да бидете тврдоглави, пронајдете се некаде помеѓу и на пола пат. Изненадете го со едно еротско будење и веруваме дека нема да можете да му одолеете.

 

4. Не сте 100 % загреани.

 Сексот е нешто како заминување на тренинг. Кога ќе дојде тој момент, не ви се оди баш најмногу, но кога ќе започне акцијата, не знаете  дали сте ја донеле вистинската одлука. Вистина е дека забрзаното темпо на животот и стресот, имаат влијание и врз нашето расположение, но сепак обидете се, да го употребите сексот како антистрес терапија и ќе се уверите дека навистина делува.

 

5. Повеќе не се чувствате привлечни.

 Нормално е дека, со годините и вашето тело повеќе не е како што било, но вам ви останува да се трудите да работите на тоа да бидете постојано сексапилни. Обидете се да ја промените исхраната и начинот на живот, а ако се работи само за опуштена задница и стомачни, нема такво секси комплетче кое нема да ве направи привлечни.

 

 

 

Напиши коментар