Здраво тело

5 работи кои можете да ги јадете во неограничени количини

Иако големината на порцијата храна која ја конзумирате е важна за одржување на телесна тежина постојат работи кои може да ги јадете во неограничени количини.

Пуканките се грицки кои содржат најмалку калории

Пуканки

Верувале или не пуканките се едни од најздравите грицки и со најмалку калории.Не зборуваме з пуканките со вкус на путер или сирење тука за оние класични пуканки со капка масло и сол.Ако сакате да ги зачините овие грицки додајте малку бибер во прв, чили или пиперка.

Кисели краставички

Скоро и да не постои личност која што не сака кисели краставички, посебно домашни.Чаша кисели краставички има само 16 калории па затоа може да ги конзумирате со било каква диета и со било кој оброк во текот на денот.

Карпачио од тиквички

Ако не сте пробале карпачио од тиквички станува збор за работа која може да си ја дозволите во неограничени количини.Исечете ги тиквичките на тенки парчиња и ставете ги во лимонов сок да отстојат некое време.После тоа додајте маслиново масло сол и пипер.Тајната се крие во ломоновиот сок а самиот оброк има многу малку калории.

Чипс од кељ

Исчистете ги листовите кељ од дебелото стебло и искинете ги на мали парчиња.Насолете ги, премачкајте ги со маслиново масло и ставете ги да се печат околу 10 минути.Овој здрав чипс е многу вкусен и може да се јаде во било која доба.

Конзервиран артишок

Артишокоте се моќен антиоксиданс и многу вкусна храна, а кога ќе се припремат се уште повкусни.Можете да ги јадете со било кој оброк.

 

Write A Comment