Теоријата е повеќе од јасна. Но, дали навистина живееме според правилата кои една врска ја прават успешна ? Не би било лошо лекцијата да се повтори и да овозможи промени, секако и за Вас, но и на задоволство на Вашиот партнер.
1. Времето кое го поминувате заедно, поминете го квалитетно !
Колку и да звучи клише, квалитетот со кој го поминувате времето додека сте заедно, е навистина важен, дури и поважен отколку квантитетот. Размислете кога последен пат било така…
2.Овозможете си простор !
Немојте ништо да форсирате. Колку што е важно да поминувате време, заедно, важно е и да поминете време сами со себе.
3. Имајте повеќе секс !
Не бегајте од темата: секс. Ќе дознаете многу работи што ќе го зачинат Вашиот сексуален живот.
4. Смејте се често !
Партнерите кои се смеат заедно, остануваат пар. Сличната смисла за хумор што можеби и најмногу привлекува.
5. Забавувајте се заедно !
На сите ни е потребно нешто што ќе не развесели. Кога имате заеднички план за претстојниот викенд, дури и цела седмица ќе Ви биде интересна.
6. Опуштете се во најлудите фантазии !
Излезете од рамките на вообичаеното и размислувањата дека долгогодишната врска значи и вообичаена секс рутина. Напротив долгата врска значи и експериментирање. Искористете го тоа за остварување на Вашите мечти.
7. Без расправии !!!
Не постои пар кој понекогаш не се расправа, но постојат многу начини расправиите да се избегнат, пред да прераснат во нешто полошо. Најважно од се е да се прифатат различностите.
8.Оддржувајте ја возбудливоста !
Малите детали би требало да бидат почесто присутни, освен како рутина која постои на годишнината и важните датуми. Задржете ја возбудливоста, односно внесете нова. Појадок во кревет и антистрес масажа се добри идеи.
9.Претворете ја спалната во љубовно гнездо !
Убавиот простор во кој можете да уживате во интимностите со Вашиот партер е одличен за Вашиот сексуален живот. Направете го по Ваш вкус !!!
10. Најдете време за разговор !
Тоа не мора да бидат длабоки разговори за тешки теми. Ситниците, дневните и интересни настани се одлични за Вашиот однос.
