After Midnight

7 љубовни стратегии кои можете да ги научите од принцезите на Дизни !!!

Животот не е бајка !!! Меѓутоа, немојте прерано да го отфрлате она што ќе го видите на филм или ќе го прочитате во бајка, бидејќи секоја бајка има своја порака…

Пепелашка– Немојте премногу да се експонирате !…Пепелашка не е глупава. Таа го одбра вистинскиот момент за бегство од куќата и експонирање во јавноста. Од неа, треба да научите дека, треба да му кажете на Вашето момче дека Ви се допаѓа, треба да бидете искрени и свои, но немојте да бидете премногу достапни и да оставате впечаток како со нетрпение да го очекувате неговото телефонско јавување.

Снежана– Немојте да се откажете од машки пријатели!…Тајната на Снежана се крие во фактот, што во најтешките времиња, таа имаше 7 најдобри машки пријатели. На почетокот, Вашиот принц ќе чувствува несигурност поради нив, но кога ќе сфати дека Ви се пријатели, самиот ќе се спријатели со нив.

Малата сирена– Помалку зборување, повеќе говор на телото!…Не мора да бидете брбливи за да го освоите неговото срце, но мора да бидете неодоливи...Постојат луѓе кои не го разбираат говорот на телото и неговата важност, но фактите кажуваат дека 63% од луѓето најмногу обрнуваат внимание на невербалниот говор, 30% го следат начинот на кој што зборувате, а само 7% го слушаат она што го зборувате.

Јасмин– Вистинската љубов не познава предрасуди!…Секој човек живее во свој посебен свет, меѓутоа колку и да е посебен неговиот свет, тој заслужува љубов. Никогаш немојте да помислите дека сте предобри за некое момче!

Убавицата, Бела – Вистинската убавина доаѓа внатрешно!…Убавицата на ѕверот му беше драга, но не можеше да се омажи за него бидејќи беше грд…Втората поука е дека најголемата и најубавата љубов се раѓа од пријателство.

ЗлатокосатаПонекогаш и на хероите им е потребна помош! Тој држи отворен чадор за Вас, Ви ја отвара вратата, се нуди да го поправи расипаниот предмет…и не бара ништо од Вас, освен шолја кафе. Таков тип ќе Ве спаси кога ќе Ви биде најпотребно, па дружете се со такви…

Заспаната убавица– Понекогаш, дозволете му тој да Ве спаси!…Заспаната убавица има најинтересна љубовна стратегија!!! Не прави ништо, спие и чека да дојде принцот кој ќе ја бакне. Можеби во денешно време не е паметна но е прилечна стратегија. Можеби треба да престанете да се трудите во љубовта и да ги пуштите работите да се одвиваат по свој тек. Дозволете му тој да биде херојот кој ќе Ве пронајде и спаси!!!

Напиши коментар