After Midnight

Фатете го во лага!

Мажите во повеќето случаи не се толку добри играчи како што би сакале да бидат, така што секогаш кога еден од нив се обидува да се повлече или да ве излаже, само со малку внимателно набљудување говорот на неговото тело многу лесно можете да го откриете.

Ги замотува своите стапала околу столот

За сите нормални луѓе лажењето претставува нормална работа. За работите да си ги зачува за себе и да спречи на не излетаат надвор, мажите завземаат крут став и телото им се грчи. Буквално, како сам со себе физички да се бори да не ви ја раскаже целата вистина.

Одеднаш ги става рацете во џебовите

Покажувањето на отворени дланки претставува гест на опуштеност, отвореност и искреност. Кога мажите лажат, инстиктивно ги повлекуваат рацете надвор од вашиот поглед. Исто така, може да ги сокрие зад грб или одеднаш да ги ангажира со бесмислена работа како што е барањето на мобилниот телефон.

Стегање на рамената

Доколку сте поставиле конкретно прашање, на пример: Дали си ме изневерил? , а тој во моментот додека ви одговара Не, не сум спиел со неа, го затегнува едното или двете рамења, бидете сигурни дека не ви ја кажува вистината. Движењето со рамењата претставува гест многу сличен на оној кај децата, со тоа овој пат луѓето не се свесни дека го прават тоа.  Знаејќи дека е виновен, се обидува на секој начин да се извлече.

Го користи својот показалец за пределот околу носот и усните

Овој знак го користат мажите кои во принцип не се лажговци и претставува несвесен сигнал за многу силна грижа на совест. Сокривањето на усните додека зборува како да се обидува да најави дека ни сам неможе да поверува каква лага изговорил.

Напиши коментар