Celebrity

Абрахам Линколн – ловец на вампири!

Објавен е првиот трејлер за историскиот хорор „Абрахам Линколн: Ловецот на вампири“, кој и не открива толку многу детаљи колку што очекувавме.

Филмот е адаптација на истоимениот комичен роман на Сет Грејем Смит и во него се говори за Линколн, чија мајка починала кога тој имал само девет години. Кога Линколн открива декамајка му ја убил вампир поради долгот на татко му, се заколнува на крвава одмазда и целиот свој живот го посветува на истребување вампири.

Секако, вампирите ги ловел кога немал претседателски должности, макар што и тогаш бил будно следен…

Режисер на филмот е русинот Тимур Бекмембетов, а продуценти се Тим Бартон и Џим Лемли. Во улогата на Линколн ќе го гледаме Бенџамин Вокер.

Филмот во САД ќе може да се види во јуни, а во Европа е закажан за 2-ри Август.

Напиши коментар