Celebrity

Адам Сендлер се „удави во малини“ :)

Со дури 11 номинации за Златна малина, актерот Адам Сендлер го сруши досегашниот, за половина помал, рекорд кој го држеше Еди Марфи со пет номинации во 1997 година.

Меѓу номинациите на Сендлер се и оние за Најлош актер и Најлоша актерла во филмот „Џек и Џил“, Најлош сценрист и продуцент, како и Најлош филмски пар.

Наградите за најлошите во седмата уметности ќе бидат доделени на 1-ви Април, а покрај Сендлер, за најлош актер се номинирани и Расел Бренд, Николас Кејџ, Тејлор Лаутер и Ник Швардсон. Во категоријата Најлоша актерка ќе се борат: Кристен Стјуард, Сара Џесика Паркер, Сара Пелин и Мартин Ловренс.

 

Напиши коментар