Celebrity

Адел буди од кома

Добро познатата песна на Адел “Rolling In The Deep” успеа да разбуди од кома едно седум годишно девојче, откако мајка и и ја запеала.

Шарлот Нив била во кома една недела заради тешки крварења во мозокот, но се тргнало на подобро кога почнала таа песна на радио.

“Во моментот кога седев до неа на креветот, и ја галев по косата таа не покажуваше никакви знаци на живот. Почна песната на радио, а јас се доближив до неа и почнав на уво да и пеам стихови од таа песна. Во моментот таа почна да се буди од кома. Медицинските сестри кои беа присутни во собата не можеа да си поверуваат на она што го гледаа и само ми рекоа да продолжам да пеам. Од тој ден таа е се подобра”, изјавила пресреќната мајка.

Напиши коментар