Celebrity

Адел ќе ја пее “Skyfall” – песната на новиот Бонд

Сега и официјално е потврдено дека најтиражната британска пејачка Адел ќе ја пее главната музичка тема за новиот филм 007, која е насловена исто како и филмот “Skyfall”.

Бремената Адел е уловена минатата недела како оди во познатото лондонско студио “Ebi Roud”, а сега е потврдено дека таа навистина била во студиото со цел да ја снима новата песна.

Со тоа Адел им се придружи на Дјуран Дјуран, Тина Тарнер, Том Џонс, Мадона… кои исто така испеаа песна за Бонд.

Напиши коментар