Celebrity

Адел повеќе не е на тронот

Адел долго време беше на врвот, таа беше пејачката која имаше најмногу продадени албуми во Велика Британија. Но, сега повеќе не е така. Адел е симната од тронот и тоа од страна на пејачката Емели Санде. Албумот на Емели Our Vision Of Events, излезе во месец февруари, и до сега е продаден во 660.000 примероци, што е за 3.200 повеќе од”21” на Адел., кој исто така излезе во февруари но минатата година.

Сепак, има уште многу работа за да ја загрози Адел.

Не е така лесно да се постигне она што Адел го постигна со новиот албум. Со него таа влезе на листата на првите 5 најпродавани албуми на сите времиња.

 

Напиши коментар