Celebrity

Adele – текстописец на годината!

За албумот „21“ освои сѐ што може да се освои, ги собори сите рекорди во дискографијата, а сега е прогласена за најдобар автор во светот на музиката за изминатата година.

Во Лондон се доделени наградите „Ivor Novello“ за најдобри текстописци, а најпрестижната награда – автор на годината ја доби Adele.

По громогласниот аплауз на сметка на пејачката, водителката духовито искоментирала „Ти си поголема од мене“, очигледно алудирајќи на изјавата ос Karl Lagerfeld.

Пејачката не можела да ги сокрие солзите:

–          Главната работа за која ми замеруваа во врска со албумот беше што мојот глас е многу подобар од самите песни на него. Тоа го зедов во предвид додека ги пишував песните за следниот албум, а сега ме прогласија за автор на годината.

Lana Del Ray е прогласена за најдобар дебитант, а групата „Take That“ е наградена за допринос во британската музика.

Овие награди се доделуваат веќе 57 година по ред.

Напиши коментар