After Midnight

Ајде да се направиме взаемно среќни!

Љубовта е почетокот на сите други почетоци и од неа се раѓа се останато, што постои на овој свет…Кога ќе извикаш, ќе те чуе секој, кога ќе прошепнеш ќе те чуе оној кој е до тебе, но додека молчиш ќе те чуе само оној што вистински те сака – тоа е љубовта! Љубовта е да ја пронајдеш во среќата на другиот твојата сопствена среќа…

Љубовта – тоа е награда добиена без заслуги…

Љубовта – тоа е осаменоста на две души во еден огомен свет…

Љубовта е тишина…нежен допир…ветување за вечност…тоа е една тајна за двајца и истовремено отсуство на секакви тајни помеѓу нив…

Љубовта често зборува на својот сопствен јазик – јазикот на погледот, јазикот на милите гестови…

Не е ни малку тешко да ја видиш, ако се заслушаш може дури и да ја чуеш, но за да ја почуствуваш треба да ги отвориш сите свои сетила за неа…

Љубовта се раѓа од ништо, но умира од се, не поднесува насилба, не трпи фалш, ниту лаги, зошто љубовта е всушност…Слобода! Слободата да бидеш самиот ти кога си со другиот и тој да те прифати таков каков што си…

Напиши коментар