After Midnight

Ако не СЕГА тогаш кога?

Се залажуваш дека животот ќе ти биде подобар кога ќе се задомиш, кога ќе имаш дете, а после и второ…

После се тревожиш од тоа дека децата се сеуште мали и се надеваш се да се среди кога ќе пораснат…

Следуваат грижите за тоа дека тие стануваат тинејџери и ти треба некако да се справиш со нив. Веруваш дека ќе бидеш посреќен кога ќе излезат од своите ….наесет години…

Се залажуваш дека животот ќе биде подобар кога ќе ги разрешиш своите финансиски проблеми, кога ќе направиш кариера, кога ќе отидеш на одмор, кога ќе отидеш во пензија…

Но вистината е дека нема подобро време за тоа да се чувствуваш среќен од СЕГА!!! Ако не СЕГА тогаш кога?

Животот секогаш е исполнет со предизвици. Подобро е да ги прифатиш работите такви какви што се и да се стремиш да бидеш среќен СЕГА, без да гледаш ништо друго…

Долго време ти се чини дека речиси…дека уште малку…и животот ќе почне. Вистинскиот живот! Но секогаш изникнувала некоја пречка по патот. Сурово искушение кое требало да се преживее. И веднаш после тоа ќе почнеш да живееш…

Но вистината е дека сите тие препреки се дел од вистинскиот живот!

Зошто не постои пат кој води до среќата! Среќата – Тоа е самиот ПАТ!

Затоа насладувај се на секој момент!

Не е потребно да чекаш да најдеш работа, да го сретнеш вистинскиот човек, да заработиш пари, да купиш стан или куќа…да чекаш до пролет, до лето, до есен, до зима. До први или петнаесети во месецот. Прашајте човек од 70-ет години што се би дал само за миг од вашата младост…

Запомнете:

Вистинската среќа е во самото патување, а не во крајната цел. И не постои друго време и место во кое можеш да бидеш среќен освен…Тука и Сега!

Напиши коментар