After Midnight

Штом еднаш простиш ќе те изневери повторно!

Повторно ќе разговараме за неверството но сега за еден многу интересен и докажан факт. Во истражувањето во Германија се потврди фактот дека ако партнерот ве изневерил тоа ќе се случи повторно. Неверството не е еднократно. Затоа не верувајте на зборовите „Повеќе нема да се повтори!“

„Среќата на младоженците не е вечна, а неверството најчесто не е еднократно“ се вели во новите изводи на истражувањето спроведено во Берлин во Институтот по психологија.  По време на истражувањето чии резултати се објавени во списанието  Psychology Today биле анкетирани 3334 мажи и жени со традиционална христијанска ориентација, кои биле изневерени од страна на својот партнер.

Иако партнерите што изневеруваат секогаш се колнат и тврдат дека тоа ќе биде последен пак и нема да се повтори повеќе никогаш, резултатите недвосмислено тврдат дека тоа е чиста лага и дека неверството ќе се повтори. Како причина за неверството од повеќето испитаници било наведено – сексуална незадоволеност со својот постојан партнер.

Напиши коментар