Free zone

Ако се сакаш, поштеди се: Ова не и го кажувај во кавга

Ако кавгата или крајот на врската е пред вас, ова се реченици кои не треба да и ги кажете, не, ако особено ви е важно да остаенете мирен и да не добиете голем повратен удар.

Јас сум крив, не си ти

Во поголем дел од случаите во кавга или кога е крајот, жената плаче. Тогаш сигурно си ти нешто виновен, и сигурно не треба да и кажеш дека ти си крив, а не таа. Тогаш ти би требало да си тој што плаче.

Не драми

Нормално е кога таа те губи да почне да драми, тоа и е една од главните женски особини. Но, никако немој да го кажуваш на глас. Ако го спомнеш тоа, ќе добиеш куп навредливи зборови и кавга која ќе те потресе.

Знам како ти е

Не, ти не знаеш како и е на жена. Па дури и да си поминал низ едно оставање, сигурно не знаеш како и е на жената. Ако и го кажеш ова ќе добиеш одговор “Па што ме оставаш ако знаеш како ми е” и слично.

Жал ми е

Ако веќе ја оставаш, нема за што да ти биде жал, инаку не би ја ни оставал. Па затоа не налевај масло на огнот, кажи нешто по искрено.

Да не си во пмс?

Ако е бесна што ја оставаш, сигирно не сака да слушне и како и се потсмеваш на бесот. Ако сакаш да покажеш дека си вистински маж, тогаш не ја повредувај повеќе, туку биде искрен и реален и направи го тоа на достоинствен начин.

Write A Comment