After Midnight

Ако си љубоморен, тогаш си тажен

Психолозите се обидоа да дадат дефиниција за љубомората и чувствата кои таа ги предизвикува.  Според нив љубомората е афективна реакција на замислената или реалната опасност дека саканата личност или работа ќе биде изгубена.

Љубомората е еден вид на страв. Со љубомората го покажуваме стравот, недовербата во себе и сопствените квалитети. Кога сме љубоморни сме тажни. За да го надминеме тоа чувство, за да си ја дозволиме среќата треба да поработиме на сопствената самодоверба.

Љубомората е заслепувачка, ако и дозволиме да ни ги преовлада мислите тогаш можеме да ги гледаме работите од погрешен агол, да добиеме погрешна претстава за нештата и да направиме погрешни одлуки.

Обидете се да ги гледате вашите проблеми како трето лице од страна. Проблемот во љубовната врска од ваш агол изгледа поинаку, но ако се обидете да се замислите како набљудувач кој го набљудува парот Вие и Тој, тогаш ќе може да донесете вистинска слика за тоа каква е реалната ситуација.

 

Write A Comment