Celebrity

Ал Пачино за прв пат во анимиран филм!

Познатиот актер Ал Пачино ќе ја толкува улогата на главниот непријател на Гру во продолжението од анимираниот филм „Despicable Me“. Во првиот дел, за оваа улога гласот го позајми Хавиер Бардем.

Ова е всушност деби на Пачино во анимиран филм откако го одбрале на аудцијата во студиото за анимација на „Universal Pictures“. Детаљите за неговата улога сеуште се држат во тајност, но можно е карактерот на лошиот непријател на Гру да се приспособи кон тој на Пачино.

Заедно со него, гласовите ги позајмуваат и: Стив Карел, Расел Бранд, Кирстен Виг и Миранда Коскров, кои си ги задржуваат истите улоги.

Сите се во исчекување како ветеранот ќе се снајде во оваа улога.

Напиши коментар