Celebrity

Албумот на Madonna нелегално на интернет!

Една недела пред официјалното објавување на албумот на Madonna со наслов „MDNA“, тој во целост се појави нелегално на интернет.

12-тиот по ред студиски албум на кралицата на поп музиката требаше да излезе на 26-ти Март, а предупредувањата дека секој што ќе се обиде нелегално да го објави албумот ќе си има работа со полицијата, воопшто не помогнаа.

Иако моментално менаџментот на пејачката се обидува да го спречи неовластеното симнување на албумот од интернет, тој веќе се проширил на сите пиратски сајтови, а фановите ширум светот се воодушевени од песните кои се наоѓаат на албумот. Критичарите засега молчат…

На луксузното издание можат да се преслушаат 15 песни.

Напиши коментар