← НАЗАД НА БОЗА

Албумот на Ријана за „само“ 200 евра

Албумот на Ријана за „само“ 200 евра
962 Читања

Пејачката објавува луксузно издание на својот албум “Unapologetic”. Цена – вистинска ситница.

Најжестоките фанови на Ријана секако ќе се израдуваат на веста дека сега можат да поседуваат уникатна верзија од нејзиниот нов албум “Unapologetic”.

За 200 евра, односно 193 евра, ќе добиете албум, винил плоча со ремикси, USB 2GB, маица, седум фотографии, седум налепници за лаптоп, три налепници за мобилен, брошура со фусноти и писмо што таа го напишала за фановите.

Покрај луксузното издание, излегува и само албум, по стандардна цена. “Unapologetic” ќе се појави во продажба на 19 ноември, додека луксузното издание ќе биде достапно на 11 декември.

Ријана во декември ќе има чест да го запали празничното осветлување на една стоковна куќа во Лондон, а за оваа “работа” наводно ќе добие пет милиони фунти.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk