Free zone

Алкохолен хороскоп

Многу години наназад луѓето ги толкуваат ѕвездите и нивната поставеност со цел да си го предвидат денот, месецот, годината па и животот. Астролозите веруваат дека хороскопот може да каже сé за вашата личност, може да ви каже што ви одговара а што не, што е добро а што лошо за вас. Овој пат астролозите го направија алкохолниот хороскоп, кој покажува кој пијалок е најдобар за секој од нас, според нашите карактерни особини.

Овен

Припадниците на овој знак се авантуристички настроени, динамични и иновативни. Тие сакаат да пробуваат нови работи, па пробувањето на нови коктели е нивни чест предизвик. Важно е само она што го пијат да не е многу слатко, а и многу брзо им здосадуваат вкусовите.

Бик

Биковите се весели, пријателски настроени луѓе кои уживаат во добро друштво и забава со блиските пријатели. Подобро се забавуваат со одбрано друштво отколку опкружени со луѓе кои не ги познаваат на луда авантура. Тие го ценат раскошот, па знаат да си дозволат чаша квалитетен и скап пијалок. Биковите имаат мал проблем со контрола над количината, како за храна така и за пијалок. Тие најмногу го ценат доброто виски.

Близнаци

Тие се многу комуникативни, отворени и лесно се снаоѓаат со секакво друштво. Под дејство на алкохол лесно кокетираат и комуницираат со непознати. Идеален пијалок за нив е пивото, но знаат да посегнат и по добро црно вино.

Рак

Они се импулсивни и многу емотивни, многу често го менуваат расположението и под дејство на алкохолот знаат да се однесуваат помалку театрално. Ги сакаат добрите италијански вина, но и слатките ликери може да дојдат во предвид.

Лав

Лавовите се великодушни, забавни, креативни и често сакаат да се напијат по една чаша со пријателите. Идеален пијалок за нив е џин, кој може да го пијат во секаква комбинација чист или мешан. Алкохолот нив може да ги направи само посимпатични и затоа се омилени во друштвото.

Девица

Тие се прекрасни луѓе, но под дејство на алкохол знаат да бидат помалку комплицирани. Омилен пијалок им е џинот, чист без никаква екстра калорија. Ако претераат со алкохолот на виделина може да излезе нивната потисната, помалку агресивна страна па тогаш навлегуваат во вербални конфликти.

Вага

И во најтешките ситуации, припадниците на овој знак можат да ја држат под контрола ситуацијата. Тие се луѓе со кои сигурно добро ќе си поминете на забава, лесно се вклопуваат во нови друштва. Идеален пијалок за жените е мартинито, а за мажите вискито. Ретко се случува да се опијат, а ако дојде до тоа следниот ден им е навистина тежок.

Шкорпија

Тие се одлучни, моќни, силни. Исто така може да бидат љубоморни и посесивни, па тоа доаѓа до израз со претераниот алкохол. Нив им одговара се и виски, и водка, а можат и пиво.

Стрелец

Тие ја сакаат слободата, искреноста и отвореноста,  па таков е и нивниот избор на алкохол. Не сакаат “нашминкани” пијалоци, ги сакаат чисти. Тие обожаваат добра ракија, но не им претставува проблем да испијат и по некое пиво. Само треба да внимаваат да не мешаат многу, тогаш емоционалната страна доаѓа до израз.

Јарец

Тие се практични, внимателни, тврдоглави и помалку резервирани. Ако се решат на лудо излегување, се опуштаат целосно, но никогаш не забораваат на водата која ги одржува во “живот” и лесно ја одржуваат самоконтролата. За нив идеален пијалок е белото вино.

Водолија

Идеален пијалок за нескротливите водилии е текилата во сите облици. Може да ја пијат чиста, но и во комбинација со некој коктел. Не им треба многу за да си поминат луда и опуштена вечер.

Риби

Како што се чувствителни, нежни и често повлечени рибите на нив им е потребен пијалок кој ќе им даде топлина и истовремено ќе им го “одврзе” јазикот. За нив се идеални мешаните пијачки.

Напиши коментар