After Midnight

Алкохолот води до ризичен секс – докажано!

Ова е веќе и официално докажано. Научните истражувања покажуваат дека само консумацијата на алкохол, без да се имаат предвид други фактори, го зголемува ризикот од опасен секс.

Експертите од различни здравствени институции во Канада и САД ја истражувале намерата да се употребува презерватив ( не самата употреба) меѓу две групи испитаници. Едната употребува алкохол, другата не.

Така е докажано дека алкохолот многу влијае на способноста на земање решение и со зголемувањето на консумацијата се зголемува ризикот од опасен секс.

Експертите заклучуваат дека алкохолот сам по себе е одговорен за многу ризични сексуални контакти. Според нив, овие резултати објаснуваат донекаде зошто новозаболените од сида се бројка што постојано се зголемува во развиените држави, покрај информираноста на граѓаните.

Напиши коментар