After Midnight

Анатомија на еден љубовен скандал

Стравовите стануваат реалност и го потврдуваат своето постоење. После тоа стануваат се подалечна апстракција, која ту се приближува, ту се одалечува, исто како и морето. Тој го знае твоето слабо место, ти неговото. Два непобедливи генерали кои одлично ги познаваат своите тактики. Стануваш толку емоционална што сама се трошиш. Тој набљудува студено и се одалечува. Агресија, страст и лажна безчувствителност. Поведение на деца – од двете страни. Отказ од логичното мислење – прегратка, премислување, молк. Болни, тешки емоции. Повредено его.

Разделба, две тела тргнати во различни посоки. Отказ од секаква логика. Его повредено повеќе од очекуваното. Минути, часови, денови на омраза и авто омраза. Има ли крај? И поважно – има ли смисла?

Повторно те обзема страв, каков ќе биде животот без него?  Првопричината за скандалот се губи, прераснува во проблем, комплексен и тежок. Каков е крајот на оваа историја? Крај никогаш нема. И тоа е најстрашното. Диалогот никогаш не престанува, дали и ако не исчезнуваат од речникот, колку и да им заповеда егото.

И сепак…моментите на провокација и горчлив сарказам почнуваат да бледат. Преминуваат во меланхолија, оставајќи ги своите траги во меморијата.

Напиши коментар