After Midnight

Анатомијата на еден оргазам

Според истражувањата, само 25% од жените го достигнуваат врвот за време на сексот со својот партнер. Останатите или го доживуваат понекогаш или никогаш за време на чинот. Во однос на машката верзија (повеќе од 90% од мажите доживуваат оргазам речиси секогаш), а женскиот „О“ е минлив феномен. Се поставува прашањето „Зошто“? Што всушност сака да каже мајката природа?

Тоа е она што на биолозите им е тешко да го разберат. Сепак научниците проучувајќи ги теориите за еволуцијата на женскиот оргазам, дојдоа до сознание дека „ Клиторисот е неопходен при сексуалното возбудување“. Но вистината сепак е дека оргазмот нема никаква поврзаност со успешната репродукција. Бидејќи жените можат да останат бремени и без оргазам, научниците не можат да разберат зошто всушност оргазмот постои.

Добрата вест е дека повеќето научници се согласуваат околу тоа како оргазмот настанува. Чувството на топлина за време на предиграта е резултат на крвта која доаѓа рамно до клиторисот и вагината. За тоа време ѕидовите на вагината почнуваат да лачат природен лубрикант. „The big bang“ моментот настанува кога матката, вагината и анусот истовремено контрахираат во интервал од 0,8 секунди. Контрахираат и другите мускули ( од тука произлегуваат свитканите прсти и излезот на лицето), а што се однесува до мозокот, подрачјата што се однесуваат на емоциите и стравот,преку оргазмот се деактивираат. После оргазмот, телото тоне во состојба на задоволство и опуштање иако не секогаш. Многу жени се жалат и дека не можат да се ослободат од сексуалната напнатост после оргазмот. Сепак не грижете се, тоа е сосем нормално.

Напиши коментар