Celebrity

Анџелина Џоли како лошата вештерка!

По две години пауза, оваа филмска дива повторно се враќа на големото платно и тоа во филмот за „Заспаната убавица“.

Филмот би требало да го режира легендарниот Тим Бартон, а засега единствениот познат детаљ е дека Анџелина Џоли ќе ја глуми лошата вештерка во филмот.

–          Веќе две години не сум глумела и моментално преговарам за улогата во еден филм на студиото Дизни, – изјавила актерката, која признава дека и нејзините деца многу би сакале да ја видат во улога на лошата вештерка.

Филмот ќе биде адаптација на дизниевиот цртан од 1959 година, но овој пат, приказната ќе биде раскажана од перспектива на вештерката, која бесна што не е повикана на крштевањето на бебето, фрла страшна клетва на принцезата Аурора.

Напиши коментар