Celebrity

Анистон повторно во комедија :)

Популарната актерка Џенифер Анистон ќе ја игра една од гавните улоги во комедијата на Пол Ендру Вилијамс со наслов „Miss You Already“.

Сценариото за филмот, чие снимање треба да почне ова лето, е дело на музичарот Мерион Вилијамс и актерката и продуцентка Морвена Бенкс.

Џенифер ќе ја игра едната од двете жени чие пријателство на почетокот изгледа како вечно, но во моментот кога едната од нив останува бремена, а другата се разболува, нивното пријателство започнува да се руши.

Филмот ќе биде во продукција на Кристофер Сајмон и Филикс Восен.

Напиши коментар