Celebrity

Антонио Бандерас како Пабло Пикасо!

Режисерот Карлос Саура ќе снима биографски филм за еден од најпознатите уметници на сите времиња Пабло Пикасо. Во главната улога ќе може да го видиме Антонио Бандерас.

Името на филмот ќе гласи „33 денови“ и ќе се врти околу животот на Пикасо, меѓутоа во периодот додека тој ја цртал познатата слика „Герника“, чие сликање всушност траело цели 33 денови.

Во биографскиот филм ќе се направи место и за љубовната приказна помеѓу Пабло и француската сликарка Дора Мар. Сценариото за филмот ќе го напишат режисерот Карлос Саура и Луи Шарл Сержак, но за жал, снимањето започнува дури наредната година.

Write A Comment