Здраво тело

Апостолките штетни по здравјето !!!

Стручњаците за стапала не мислат дека треба сосем да ги отфрлиме. Тие се одличен избор за на плажа, базен или за туширање во теретана. Меѓутоа, никако не се добри за подолги прошетки…

Погледнете ги причините поради кои би требало да се откажете од апостолките и за време на Летото да си пронајдете обувки кои даваат подобра поддршка на нозете:

1. Апостолките имаат сунѓерест ѓон, кој не овозможува никаква поддршка

Она што Ви се чини како најдобра нивна карактеристика – мекоста и удобноста, предизвикува стапалото да се витка спрема внатре. Ова може да предизвика болка во петите, стапалата, мекиот дел околу прстите и самите прсти.

2. Мускулите и тетивите премногу се напрегаат

Малата трака со облик на буквата V помеѓу прстите е единственото нешто што ја врзува Вашата нога со апостолките. Поради тоа, при одењето ги грчите прстите, а мускулите и тетивите работат „ прекувремено “. Ова може да се развие во тендинитис.

3. Рамните обувки предизвикуваат напрегање на „Ахиловата тетива“

Ако најчесто носите обувки со мала потпетица, рамните обувки ќе ги истегнат мускулите на листовите на нозете.

4.Не овозможуваат поддршка

Исчашените зглобови за време на летниот период се  честа појава. Доста често, поради носењето апостолки.

5.Доаѓа до задебелување и пукање на кожата на стапалата

Кожата станува потврда, а со тоа што стапалата се изложени на воздух, кожата може да стане и доста сува.Ако стане премногу сува, кожата може да пукне и крвави, што може да биде навистина болно.

6.Не овозможуваат никаква заштита

Нозете се изложени на разни остри и нечисти предмети, што го зголемува ризикот од исекотини и други повреди.

7.Може да предизвикаат болки во колковите и во долниот дел од грбот

Одејќи во апостолки, најчесто луѓето го кратат чекорот, а тоа може да доведе болки во други делови од телото.

Write A Comment