After Midnight

Ароматерапија за заведување

Ароматерапијата е стара 6000 години и старите Египќани ја користеле за подобрување на расположението и здравјето. Денес, ароматерапијата е секојдневие, бидејќи нашите бањи, домови, јадења, козметички производи и парфеми ни мирисаат како разни природни ароми. Па, зошто да не ги користиме и во спалната соба? Одредени мириси можат да го разбудат животното во вас и да ги активираат сексуалните желби.

Некои етерични масла кои имаат заводнички ефект и ја зајакнуваат сексуалната моќ се маслата од ружа, ванила, јасмин, ѓумбир, берамот, кедар. Бидејќи етеричните масла се премногу јаки за да ги нанесете директно на кожата, најдобро е да ги измешате  со некои билни масла. Тоа може да биде бадемово масло, јојоба, сончогледово, од авокадо и секако, маслиново масло.

Етеричните масла можат да се стават и некаде во просторијата за да создадат заводничка атмосфера, можат да се користат за време на масажата и во бањата. Обидете се и уживајте!

Напиши коментар