Celebrity

Ашер и “раце од камен”

Американскиот рапер потврди дека ќе ја игра улогата на боксерот Шугар Реј во легендарниот филм “Hands od Stone”.

Во филмот се зборува за животот на петократниот светски шампион Роберт Дуран, кој ќе го глуми актерот Гаел Гарсија Бернал, а RnB ѕвездата веќе на големо тренира за улогата. Во филмот покрај Ашер и Гарсија ќе се појави и Роберт ДеНиро кој ќе го толкува Реј Арсел, познатиот боксерски тренер.

За Ашер ова нема да биде прв филмски ангажман, затоа што до сега тој се има појавено во неколку тв серии и филмови како што се “Убијци” и “ In the Mix” и други.

Напиши коментар